Објавено на:

НАТО ја повика Русија да се повлече од Молдавија, Кишињев е подготвен да учествува во вежбите на Алијансата

t

НАТО целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија, ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили од територијата на земјата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата со молдавскиот премиер Дорин Речан во седиштето на алијансата во Брисел.

Москва продолжува да врши притисок врз Молдавија, вклучително и со енергетска уцена и ширење на дезинформации, настојувајќи да го дестабилизира општеството и да ја поткопа демократијата во земјата, додаде Столтенберг. Тој посочи дека Молдавија одлучно одговорила на војната во Украина, осудувајќи го рускиот напад и ја подобрува сопствената безбедност. Молдавија може да смета на нашата поддршка, додаде генералниот секретар.

Според него, алијансата го поддржува подобрувањето на сајбер одбраната и стратешките комуникации на Молдавија. Столтенберг изрази очекување дека тоа ќе и помогне на земјата на патот кон ЕУ.

Премиерот Речан посочи дека Молдавија би сакала да учествува не само во мисиите, туку и во вежбите на НАТО. Рускиот напад врз Украина не поттикна да преземеме дополнителни чекори за нашата безбедност и за зајакнување на општеството, институциите и нашата одбрана, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…