Наум го јадеше на Фејсбук: Член сум на Вмро Дпмне но ни јас ни 80 % од членството не можеме да сфатиме зошто ја напаѓате Левица?!

t

Жестока дебата се разви на социјалните мрежи откако Јована Мојсоска член на президиумот на Левица му одговори на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на обвинувањата дека Левица терала лажен патриотизам.

Левица терала лажен патриотизам – кажа Наум Стоилковски, портпарол на партијата што немаше сила да биде иницијатор барем на еден протест против фашистичките клубови, напиша Мојсоска.

На што повторно во коментари реплицираше Стоилковски, но доби за него поразителен одговор од член на ВМРО-ДПМНЕ.

-Naum Stoilkovski член сум на Вмро Дпмне но ни јас ни 80 % од членството не можеме да сфатиме зошто ја напаѓате Левица и зошто се замерувате со луѓето непотребно како и вие и тие се опозиција и тие се борат против оваа криминална неспособна изродска власт.

Не ми е јасно како не сте свесни дека таа Левица утре кога ќе дојде ред да се формира влада ќе е клучна со најмалку 5 пратеници а вие упорно повеќе со нив се пресметувате одколку со оние изроди од власта поради што ?

Јас не се секирам да ви ја пишам реалната слика Науме Левица не е непријател на Македонецот Левица со ништо го нема оштетено Македонскиот народ насочете се и борете се со сдсм и дуи тие се државен непријател број еден не Левица кај таа Левица кога ќе дојдат изборите биди сигурен ќе се молите со живот тврдам таа партија ќе е клучна да се формира влада на следните избори а притоа да не бидете уценети од албанските партии .

Памет у глава Науме ако ви е мило да седнете у скут на дуи у иднина само продолжете вака но едно треба да ви е јасно членството не се согласува со вашите ставови и напади кон Левица, му одговори Александар Ѓорѓиевски на Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелбурн се извини откако го забрани старото…

Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…

(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…

Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…

Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…

Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…

ОФИЦИЈАЛНО: КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ОД СИНОЌА Е ВО…

Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада…