НАФТАТА РУШИ РЕКОРДИ: Брент над 119 долари, пазарите се плашат од подолга блокада околу Ормускиот теснец
Цените на нафтата забележаа нов силен дневен скок, откако на пазарите се засилија стравувањата дека геополитичките тензии околу Ормускиот теснец може да ја нарушат глобалната испорака на сурова нафта. Брент-нафтата денеска ја надмина границата од 119 долари за барел и го надмина нивото од 2022 година, додека американската WTI исто така се искачи над 108 долари.
Според берзанските податоци, во попладневното тргување цената на суровата нафта WTI порасна за околу 7% и достигна 107 долари за барел. Истовремено, Брент порасна за околу 7 проценти на 119 долари за барел.
Пазарната нервоза се поврзува со проценките дека клучниот коридор за транзит на нафта може да остане под притисок подолго време, доколку САД ја продолжат блокадата на иранските пристаништа. Инвеститорите ваквите сигнали ги вградуваат во цените како ризична премија, што често предизвикува нагли и синхронизирани скокови кај двата водечки референтни вида нафта.
Во меѓувреме, во фокусот на пазарите се најдоа и изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои дополнително ја подгреаа реториката во односите со Техеран. Се најавува и стратегија за зголемување на притисокот врз иранската економија преку мерки што би го погодиле извозот на нафта.
Како дополнителен сигнал за нестабилност во енергетската политика, аналитичарите ја следат и одлуката на Обединетите Арапски Емирати да го напуштат ОПЕК. Иако дел од проценките укажуваат дека тоа претставува удар врз влијанието на картелот, се оценува дека ефектите врз цените на енергенсите не мора да бидат долгорочни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…