Националниот Сојуз на слепи лица излегува на протест: Нема одговор на нашите барања, Владата е неодговорна!

t

Националниот Сојуз на слепи лица на Република Македонија, кој ги застапува интересите на слепите лица во Република Македонија продолжува со протестите поради неодговорноста на Владата на Република Македонија, инфомрираат од НССРМ.

Како што велат од Сојузот, и покрај спроведените протести од нивна страна на 14.09.2022 година, како и спроведените разговори со Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, НССРМ се уште нема добиено конкретен одговор во врска со нашите барања, а ниту пак ја добиле бараната средба со Претседателот на Владата, г-дин Димитар Ковачевски.

По тој основ, НССРМ на петтата седница на Извршниот Одбор донесе ОДЛУКА за повторно одржување на протести, овој пат на 26.10.2022 година (среда), во периодот од 12:00 до 16:00 часот. Маршрутата ќе биде иста како и минатиот пат, од Хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ до Владата на Република Македонија. НССРСМ продолжува со радикални чекори, се додека не се оствари нашата заедничка цел, а тоа е:

1. Додатокот за попреченост да се врзе со 40% од просечната плата во Република Македонија;

2. Туѓата нега за лицата кои го имаат остварено правото по основ на оштететен вид од 98% до 100%, како и оние со телесно оштетување, да се врзе со 30% од просечната плата во Република Македонија;

3. Слепите лица немаат законски никакво право за користење на помагала, согласно моменталната состојба, па затоа бараме системско решавање на овој проблем, а додека да се изнајде решение, да се продолжи со исплата на средства во сума од 1.000.000 денари годишно, се со цел Националниот Сојуз на слепите лица на Република Македонија да може на своите членови да им обезбеди барем минимални неопходни помагала за олеснување на нивниот секојдневен живот.

Со почит,

Претседател на НССРМ,

Жарко Селковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…