Националниот сојуз на слепи лица излегува на протест: Владата ги игнорира нашите барања

t

Почитувани медиуми, 

Националниот Сојуз на слепите лица на Република Македонија (во понатамошниот текст НССРМ), кој ги застапува интересите на слепите лица во Република Македонија, во изминатиот период, преку разговори и преговори со претставници од Министерството за Труд и Социјална Политика, Националното координативно тело при Владата на Република Македонија, настојуваше да обезбеди и најде соодветно решение по барањата од наша страна, а тоа се:

1. Додатокот за попреченост да се врзе со 40% од просечната плата во Република Македонија;

2. Туѓата нега за лицата кои го имаат остварено правото по основ на оштететен вид од 98% до 100%, како и оние со телесно оштетување, да се врзе со 30% од просечната плата во Република Македонија;

3. Слепите лица немаат законски никакво право за користење на помагала, согласно моменталната состојба, па затоа бараме системско решавање на овој проблем, а додека да се изнајде решение, да се продолжи со исплата на средства во сума од 1.000.000 денари годишно, се со цел Националниот Сојуз на слепите лица на Република Македонија да може на своите членови да им обезбеди барем минимални неопходни помагала за олеснување на нивниот секојдневен живот.

Но, поради фактот дека и покрај сите напори, разговори и преговори со претставниците на овие надлежни институции, не наидовме на позитивен резултат, НССРСМ поднесе неколку Барања до Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Димитар Ковачевски за организирање на средба помеѓу претставниците на НССРСМ и Претседателот на Владата, се со цел да можеме лично нему да му ги пренесеме сите наши барања и со заеднички сили да работиме за изнаоѓање на решенија за истите, меѓутоа, не добивме никаков одговор или поточно не игнорираат. Врз основа на досегашното искуство дека преговорите и разговорите со сите останати надлежни институции и претставници не резултираат со наоѓање на конечно решение на нашите барања, односно тие постојано се одолговлекуваат, и се додека Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Димитар Ковачевски не одвои време за сослушување на нашите проблеми и обезбеди термин за реализација на средбата, НССРСМ ќе продолжи да ги користи сите инструменти на располагање за остварување на својата цел. Па така, НССРМ на Извршниот Одбор, кој се одржа на 30.07.2022 година, донесе Одлука за организирање на ПРОТЕСТИ – ШТРАЈК на 14.09.2022 година, со почеток во 12:00 часот. Маршот ќе започне од пред Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ до Владата на Република Македонија.

Со почит,

Претседател на НССРСМ,

Жарко Селковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…

Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…

Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…

Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…

Во време кога се врши атак врз…