„Нашата загуба никому не му значи ништо, единствена надеж ни се обвинителите!“ – потресни сведоштва на двајца татковци од Кочани
„Нашата загуба никој не ја вреднува, на никого не му значи ништо. Единствената надеж ни се обвинителите.“ Со овие болни зборови Томче Стојанов, татко на загинато дете во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го опиша разочарувањето на семејствата од однесувањето на дел од учесниците во судскиот процес.
Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Стојанов и Александар Наунов, исто така татко на загинато дете, зборуваа за судските рочишта, спорните вештачења и нивната надеж дека вистината за трагедијата конечно ќе биде утврдена, објави 4news.mk
Родителите изразија револт поради тврдењата на одбраната дека во дискотеката постоел функционален план за евакуација и дека дел од присутните успеале да излезат низ задната врата. Според нив, овие наводи се спротивни на доказите што биле презентирани во судницата.
Наунов упати остри критики кон вештачењето предложено од одбраната, оценувајќи дека со него се оспоруваат наодите на стручниот тим од Градежниот факултет.
„Градежното вештачење е направено професионално. Со фотографии, докази и факти се покажа што навистина се случувало. Да се негира сето тоа за нас родителите е болно и неиздржливо“, истакна Наунов.
Тој нагласи дека родителите имаат доверба во обвинителите, кои, според него, посветено работат на расветлување на трагедијата и презентирање на доказите.
„Ние им веруваме на обвинителите и веруваме дека до крај ќе ја истераат работата. Гледаме дека ниту тие спијат, ниту ние. Се трудат максимално и се надеваме дека правдата што поскоро ќе излезе на виделина“, порача Наунов.
Стојков, пак, го критикуваше однесувањето на адвокатите на обвинетите, посочувајќи дека првично изразувале сочувство кон семејствата, но дека со текот на времето, според него, покажувале сè поголема ароганција и нечувствителност.
„На почетокот изразуваа сочувство за нашата загуба, а сега покажуваат ароганција и нетолерантност. За нив се важни финансиските средства, а не нашата загуба“, рече Стојанов.
Двајцата татковци нагласија дека од обвинителството очекуваат истрајност, а од судот правична одлука заснована врз доказите.
За семејствата кои ги загубија своите деца, секое рочиште претставува ново соочување со болката, но и надеж дека ќе биде утврдена одговорноста за трагедијата што засекогаш им ги промени животите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нашата загуба никому не му значи ништо,…
„Нашата загуба никој не ја вреднува, на…
Посетителите евакуирани, врие полицијци и пожарникари: Пожар…
Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на…
Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Москва ја прозва Холандија по нападот врз…
Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…
Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…