Нашите деца не починаа од алкохол и дрога како што сугерира одбраната, реагираа родителите на загинатите во „Пулс“
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“, во изјава за медиумите реагираа на наводите на дел одбраната на обвинетите дека кај некои од жртвите во трагедијата имало присуство на алкохол и дрога.
„Со сериозна загриженост реагираме на изјавите на бранителката на еден од обвинетите во кои се тврди дека кај починатите имало присуство на алкохол дрога и други психоактовни супстанции”,
рече Александар Наунов, татко на починатата Надица Наунова и претседател на Здружението „16 Март Кочани”.
Според него, до овој момент вакви податоци не им се доставени на нив како оштетени, ниту се презентирани како официјален доказ во постапката.
„Сметаме дека изнесувањето на вакви тврдења без јасни, проверени и официјални докази претставува сериозно и недозволиво обвинување кое сериозно го нарушува достоинството на починатите и дополнително ја продлабочува болката на нивните семејства”, изјави тој.
Како што додаде, дури и хипотетички да постои присуство на одредени супстанци тоа не е причина за смрт во ваков настан, ниту може да ја релативизира одговорноста за трагедијата.
„Нашите деца не починаа од консумација на алкохол и дрога. Причината за смрт, согласно досегашните наоди се поврзани со вдишување на чад, токсични гасови и услови кои довеле до задушување и тешка интоксикација. Бараме ваквите тврдења да бидат поткрепени со токсиколошки анализи или да се повлечат, како и Судот да реагира на непроверени информации”, кажа тој.
Прашан во однос на нивните барања за информации дали имало присуство на водороден цијанид во крвта на починатите, Наунов посочи на средбата со директорот на Судска медицина, Александар Станков, на која тој им кажал дека не може да ги извести за наодите и дека се штом биде утврдено ќе биде презентирано во рамките на судскиот процес. Сепак, како што кажа Наунов, тие сметаат дека во текот на постпката ќе се покаже дека имало вдишување на водороден цијанид, за кој рече дека е едно од најтоксичните соединенија.
Во однос на реакцијата на родителите на барањето на одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко за замена на мерката притвор со куќен притвор, Наунов рече дека барањето на одбраната е неприфатливо за нив како родители бидејќи сметаат дека сопственикот на „Пулс“ е најодговорен за смртта на нивните деца.
Обвинителството на денешното рочиште почна со изведување на материјални докази, а први беа презентирани обдукциските наоди од Инстититутот за судска медицина. Според нив, најголем дел од загинатите починале од насилна смрт со труење со јаглерод моноксид. Четири од жртвите, според обдукциските протоколи што ги презентира обвинителката, починале од притисок врз градниот кош. Три од жртвите го загубиле животот како резултат на недостаток на воздух и кислород во околната средина. Обдукцијата на три од жртвите кои почнале во текот на лекувањето, исто така, констатира насилна смрт, која настапила поради акутна слабост на белите дробови од интоксикација од јаглероден моноксид, а кај еден поради изгореници од трет степен на главата и телото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нашите деца не починаа од алкохол и…
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“,…
Миа Костова: Недостаток на внимание од дома…
Јавната личност Миа Костова преку објава на…
„Сметам дека трагедијата не е предизвикана од…
Обвинетиот за наведување на самоубиство на сопругата…
УХМР најавува драстична промена: Снег на планините…
Времето денеска сончево со мала до умерена…
Одбраната на сопственикот на „Пулс“ го повтори…
На почетокот на денешното рочиште од судењето…