“Нашите” ни да писнат, Хрвати нè бранат – Калоѓера: Владата да реагира на дрските провокации на Јотова!

t

Хрватскиот македонист Горан Калоѓера кој е и надворешен член на МАНУ, бара реакција од Академијата, но и од научните институции (Институт за македонска литература, Институт за македонски јазик и Институт за историја) да реагираат на „провокативните и неточни изјави“ на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, изнесени викендов во Битола.

„Се согласувам со г-ѓа Јотова, најверојатно така се вика, само во едно. Нема поубаво шеталиште од битолското. Останатото што го кажа е чиста провокација, дрскост, безобразност и (не верувам дека е толку глупава) и невистина. Како прво, мислам дека г-ѓа Јотова нема поим што е ренесанса, второ, ренесансата како стилска формација не постоела ниту во бугарската ниту во македонската литература. А да се нарече Битола центар на бугарската ренесанса не е само провокација и дрскост, туку и историска лага. Госпоѓата очигледно мислела на преродба, а и во тоа има згрешено. Битола отсекогаш била „конзулски“ толерантен град и таму да се зачнува (да почне) бугарска преродба, тоа да ми извините е „пи****ија“ од светски размери, исто како и изјавата дека Зборникот е дело на бугарски преродбеници“, вели Калоѓера во објава на ФБ.

Калоѓера вели дека нема „намера да ја оспорува глупоста на Јотова, која според него има очигледна цел како дел од бугарската елита да ја детронизира (поништи) Македонија како држава и да уништи сѐ што е македонско“. Но се чуди зошто никој не реагира на провокациите на Јотова и дали навистина некој решил да ја продаде државата.

Калоѓера кој е универзитетски професор во Ријека, од 2003-та година е надворешен член на МАНУ, како познат македонист. На МАНУ стои како „дипломиран компаратист проф. Калоѓера интензивно се занимава со проучувањето на хрватско-македонските книжевни допири, притоа се ориентира главно на XIX век и книжевноста помеѓу двете светски војни, со посебен осврт и студии за Рациновиот престој во Хрватска. Исто така покажува посебен интерес за браќата Мила­диновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев и Григор Прличев. Има издадено шест македонистички книги и повеќе од 32 македонистички прилога и над 82 книжевни критики за повеќе автори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…