Најава за утре: 250 полски хулигани ќе маршираат од Кеј до Лисиче!
Полските ултраси на Лехија Гдањск кои неорганизирано и во сопствена решија доаѓаат во Скопје за утрешниот меч со Академија Пандев на тренинг-центарот на ФФМ, си закажаа загревање, а потоа и кортео дури до Ново Лисиче во ек кога ќе врие пред Собрание поради францускиот предлог што ќе се најде пред парламентарците.
Веќе десет дена во Скопје има масовни протести поради францускиот предлог, па да е маката поголема за македонската полиција, сега освен што ќе треба да го обезбедуваат Собранието каде е закажана седница за францускиот предлог, а ќе им се обрати и претседателката на Европската комисија на ЕУ, Урсула Фон дер Лајен, 250 полски навивачи на Кејот на Вардар зад ГТЦ си закажаа собиранка во „Ајриш Паб“ и најавија дека оттаму ќе маршираат во кортео сѐ до Ново Лисиче, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ.

Опозициските партии во Македонија закажаа протест пред Собранието токму во терминот кога и полските хулигани ќе се собираат, па ги повикаа своите приврзаници од 12 и 13 часот да дојдат за да го искажат незадоволството од францускиот предлог околу спортот со Бугарија.
Иако според пропозициите, пет отсто од малиот капацитет на стадиончето на ФФМ им следуваат на полските навивачи (околу 80-на карти), тие веќе имаат обезбедени 250 влезници, што е една петина од целиот капацитет. И за тоа, ултрасите на Лехија се пофалија и ги повикаа сите што доаѓаат кон Скопје или веќе се дојдени да не се грижат зашто за сите има влезница на мечот.
Дел од ултрасите веќе и се појавија на денешниот попладневен тренинг на Лехија, за да им дадат поддршка на фудбалерите пред утрешниот меч.
Хулиганите на Лехија пред една недела меѓусебе се испотепаа и предизвикаа прекин од 40 минути, а последен пат кога хулигани од Полска гостуваа во Скопје се случи тотален хаос во Градскиот парк, кога ривалски групи се испотепаа меѓусебе, па со македонската полиција и безмалку 1.000 потоа беа приведени, а после прекршочните казни и депортирани.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…