Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и Дубаи, кон ОАЕ можеби ќе се лета и од Охрид
„Од почетокот на март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот“, рече денеска вицепремоерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
Тој додаде дека ова е договорено на средбата со амбасадорот на ОАЕ во Македонија, што се одржа токму денеска во Собранието.
„Она што сакам да го објавам по денешната средба со амбасадорот е дека имавме конкретна работа за која што зборувавме, а тоа е директно авионско поврзување помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот и на бизнисот помеѓу двете држави. Се договоривме дека со почетокот на новата летна сезона на летање, односно од март 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Тоа е веќе договорено и „Флај Дубаи“ ќе почне во март 2027 година. И втората работа којашто можам да кажам дека е сè уште во дискусија, би рекол дека е многу извесно дека ќе ја договориме, тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шарџа, до Охрид, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот. Така што тоа се двете конкретни работи коишто ги договоривме денес“, рече Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…