Најавено е целосно пробивање на левата цевка на тунелот Фариш

t

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ќе присуствува на целосното пробивање на левата цевка на тунелот Фариш во правец кон Прилеп, кој се гради на експресниот правец Градско – Прилеп, информира Министерството за транспорт и врски.

На настанот е најавено присуство и на заменик министерот Беким Реџепи, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и заменик директорот на ЈПДП Благојче Трпевски.

Тунелот Фариш е составен од две цевки, односно лев тунел, во правец кон Прилеп со должина од 139 метри и десен тунел, кон Градско со должина од 159 метри.

Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделена на три делници. Во тек се работи на првата, Градско-Дреново, како и на втората Дреново–Фариш, додека третата делница опфаќа проширување на патот од Прилеп до мостот на Ленишка Река и изградба на трета лента на делницата од село Беловодица до Каменолом Маврово, за што е во тек подготовка на тендерска постапка./МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…