Најавите за поскапување на струјата веќе втор ден ја брануваат јавноста

t

Кои и колку општини формирале јавни претпријатија за да користат струја за јавно осветлување по цена за домакинствата, се уште не се знае.

Поради политиката на приватност, и само потенцираат дека долгот го подмирува корисникот без разлика дали е физичко лице или правен субјект. Од ЗЕЛС најавуваат дека од понеделник на состанок на Управнот одбор ќе формираат став и ќе одговорат на обвинувањата од првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски дека тие направиле малверзации и за четири месеци направиле долг од 30 милиони евра, го оптовариле системот и поради нив од јули најверојатно ќе поскапи струјата за 10 проценти.

Дека граѓаните ќе претрпат ценовни шокови денеска изјави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но не се согласува дека виновниците се општините, туку поради неодговорно работење на ЕСМ и РЕК Битола. Тој вели дека општините имаат законски основ да формираат јавни претпријатија.

– Сите компании кои што во случајот немаат обрт поголем од два милиони евра и 50 вработени се на условно кажано регулираниот пазар и ЕВН фонд ги снабдува со регулирана цена која што ја дава Регулаторната комисија за енергетика. Општините во Македонија а тоа се неколку такви, еве ќе ви дадам пример, Штип, Охрид мислам дека и Валандово, Куманово итн. веќе имаат јавно-приватно партнерство со компанија која што има за задача да ги смени сијалиците во општината со енергетски ефикасни и на тоа право полага потоа да ги собира таксите од граѓаните во таа општина- – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

По изјавата на Мицкоски реагираа од ЕСМ..

-Го потсетуваме Христијан Мицкоски дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните, односно за домаќинствата, а не за општините или некакви малверзации од општини. АД ЕСМ е заштитник на цената на електричната енергија и гарант за спречување ценовен шок за граѓаните. АД ЕСМ испорачува енергија кон ЕВН Хоум по регулирана цена се со цел високите пазарни цени на берзите да не ги погодат граѓаните. Незнааењето или злонамерноста на Мицкоски се недозволиви во овие размери.АД ЕСМ

Сепак, Мицкоски смета дека ублажување на високите цени и давачките на граѓаните може да има ако се врати производството од 2019та година, а тоа вели дека е изводливо за не повеќе од шест месеци. Повтори дека решението се предвремени парламентарни избори, а да се приклучат на барањето упати повик до сите граѓани да се приклучат на протестот на 18 јуни ред Владата. Во меѓувреме вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивставува на власта во Собрание, а во текот на наредната недела ќе ја поднесат и интерпелацијата за спикерот Талат Џафери со која ќе ја спорат неговата работа со неделовничко однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…