НАЈГЛУПАВИОТ КРАДЕЦ: Провалил во куќа да краде, па прилегнал да одмори – Полицијата го пробудила

t

Полицаец од Тајланд не морал да оди далеку за да најде крадец кој се обидел да ја ограби неговата куќа, бидејќи крадецот заспал во една од спалните соби.

Сакда Јеампрасерт се разбудил среде ноќ од звукот на клима уредот кој што доаѓал доаѓаше од собата на неговата ќерка. Иако во обичен ден, ова не можело да го натера да стане од кревет, неговата ќерка не била дома неколку дена.

На негово изненадување, тој влегол во нејзината соба и во нејзиниот кревет затекнал провалник..

Осомничениот Атит Кин Кун Туд наводно влегол во куќата со намера да провали, но се уморил. Ја вклучил климата и дремнал кратко. Иако не украл ништо, Туд сепак е обвинет за упад.

Полицијата извести дека крадецот за време на испрашувањето рекол дека бил премногу уморен и решил да одмори.

Според нив, тој не станува збор за професионален крадец, туку човек кој натрупал долгови па тргнал во потрага по пари.

Ова не е прв ваков случај. Во септември 2020 година, 21-годишен маж кој провалил во дом во индиската населба Источен Годавари заспал под креветот на човекот којшто се обидувал да го ограби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Морам да го запрам убивањето на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…

Радев прогнозира дека мафијашките убиства низ Бугарија…

Бугарскиот премиер Румен Радев смета дека убиствата…

До 12 часот во Србија гласале 34,55…

До 12 часот гласале 34,55 отсто од…

Малолетник (15) од тетовско Боговиње е ранет…

МВР информира дека вчера попладне во 14:10…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…