Објавено на:

Најголема воена вежба на НАТО од Студената војна! Во маневрите на Алијансата ќе учествуваат 41.000 војници кои ќе „бранат“ членка од руска агресија

t


„Financial Times“ пишува дека НАТО се подготвува наредната година да ја одржи најголемата вежба под заедничка команда уште од Студената војна во која ќе учествуваат повеќе од 40.000 војници кои ќе вежбаат начини на кои Алијансата би се обидела да одбие руска агресија на една од своите членки.

Во текстот на „FT“ се наведува дека вежбата „Steadfast Defender“ е дел од забрзаните напори на НАТО од воен сојуз кој реагира на кризи да се трансформира во Алијанса која е подготвена да војува, што е поттикнато од инвазијата на Русија на Украина.

Службениците на НАТО наведуваат дека оваа вежба ќе почне на пролет наредната година, а се очекува таа да вклучува меѓу 500 и 700 воздушни борбени мисии, повеќе од 50 бродови и околу 41.000 војници.

Вежбата е осмислена за изработка на модел за потенцијални маневри против непријател кој е замислен по пример на коалиција предводена од Русија, а која за потребите на вежбата е наречена Окасус.

Се наведува дека Шведска, чија кандидатура за членство во НАТО допрва треба да ја ратификуваат Турција и Унгарија, исто така ќе биде вклучена во вежбата, со што вкупниот број на земји учеснички ќе порасне на 32.

Вежбата ќе одржана ширум Германија, Полска и Балтикот во февруари и март 2024-та, и дел е од новата стратегија за обука според која Северноатлантскиот сојуз ќе спроведува две големи вежби секоја година, наместо една како што досега беше случај.

Јенс Столтенберг, генерален директор на НАТО, во јуни минатата година најави дека Алијансата ќе го зголеми бројот на сили за брза реакција од 40.000 на нешто повеќе од 300.000 војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…