Најголема заплена во историјата: Српската полиција откри пет тони марихуана
Полицијата во Србија соопшти дека запленила рекордни пет тони марихуана кај селото Коњух во близина на Крушевац, во централна Србија, пренесуваат тамошните медиуми.
Запленетата марихуана во реонот на селото Коњух во близина на Крушевац / Фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
Според српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, станува збор за досега најголема заплена на дрога во Србија. Вредноста на „тревата“ се проценува на седум до десет милиони евра.
Уапсени се двајца осомничени – Н. С., роден 1986 година и Р. С., роден 1958 година, додека по уште еден осомничен се трага.
Тие ќе одговараат неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги и нелегално производство, поседување, носење и продажба на оружје и експлозивни материи, откако во акцијата е пронајдено и оружје. Според информациите, се работи за најмалку четири автоматски пушки и еден рачен ракетен фрлач „зоља“, како и околу 13.000 евра.
Според полицијата, криминалната група ја складирала марихуаната во простории на трговската компанија „Флораком“, од каде што понатаму ја дистрибуирала на територијата на главниот град на земјата, Белград, за натамошна продажба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…