Најде замена за Западот: Русија ќе соработува со индиските инвеститори
Русија е заинтересирана за инвестиции на индиски партнери во рускиот нафтен сектор, како и за развој на продажната мрежа со учество на руски компании во Индија, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак, додавајќи дека Русија гледа добри можности за зголемување на извозот на нафта и нафтени продукти во Индија.
„Извозот на руска нафта и нафтени деривати во Индија изнесува речиси милијарда долари, а има добри можности за зголемување на извозот“, изјави премиерот на Русија.
Денеска е остварен телефонски разговор меѓу Александар Новак и министерот за нафта и гас, развој и градежништво на Индија, Хардип Синг Пури. Посебно внимание посветија на соработката во областа на енергетиката и образованието.
Да потсетиме, претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден на 8 март го забрани увозот на руска енергија. Александар Новак тогаш изјави дека Русија е подготвена за забраната на Западот и знае каде да ги пренасочи испораките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…