Најдолгото гласачко ливче половина метар
Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше изборниот материјал. Сепак, и покрај обемноста, ливчињата се испечатени и од денеска се дистрибуираат до сите 80 Општински изборни комисии (ОИК) и комисијата на Град Скопје. Испечатени се над четири милиони и 600.000 гласачки ливчиња.
„Причината за огромната должина се должи на тоа што гласачките ливчиња комбинираат повеќе изборни категории (градоначалник, советници, Град Скопје и Совет на Скопје) и се подготвени со двојна заштита (видлива и невидлива). Беше предизвик, но доверливиот материјал го испечативме во рекордно време, два дена пред зададениот рок. Најдолгото ливче е 500 милиметри“, изјави Вангел Талевски, генерален директор на печатница „Киро Дандаро“ од Битола.
Доставата ја вршат 17 тимови на Државната изборна комисија, со поддршка од МВР. Покрај гласачките ливчиња, се доставуваат и 254.262 страници избирачки списоци, 8.692 оригинални записници, како и 8.330 примероци на Брајово писмо за лицата со оштетен вид.
„За печатење на овие избори се предвидени 48 милиони денари, но крајната цифра ќе ја кажеме на крај од изборите, затоа што ќе зависи од тоа на колку места ќе има прегласување. Локалните избори се најобемни избори“, изјави Борис Кондарко, претседател на ДИК.
Во избирачкиот список се запишани 1.832.415 избирачи, а ќе се отворат 3.474 избирачки места низ земјата. Шест избирачки места нема да функционираат, затоа што тамо веќе нема население.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетничка нападната од својот вонбрачен партнер и…
На 05.11.2026 во 20:00 часот во ОВР…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на…
Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за…
Четириесет и седумгодишниот М.А. од Велес, добил…
Два притвори, еден куќен притвор и мерки…
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство…