Наједноставен и најбрз рецепт: Пица од тортиља готова за само 10 минути
Ви се јаде пица, но не сакате да чекате достава, а не сте расположени ни да месите тесто? Постои брз и едноставен начин да ја исполните желбата – направете ја на тортиља.
Она што ви е потребно се тортиљи на кои ќе го ставите филот и сè заедно ќе испечете во рерна. Оваа генијална идеја ги воодушеви сите кои ја испробале, а станува збор за наједноставната и најбрза пица која некогаш сте ја подготвиле.
Потребни состојки:
– 1 голема тортиља (интегрална или пченкарна)
– пасирани домати или доматно пире, кашкавал, шунка, свеж босилек, маслинки…
Сè што треба да направите е да поставите една тортиља на хартија за печење, а на неа да ги наредите состојките кои обично ги ставате на пица како доматно пире, шунка, кашкавал, маслинки…
Печете на 160 степени околу 10-тина минути додека тортиљата не порумени и кашкавалот не се растопи. Послужете ја со свеж босилек и уживајте во малку поинаквата, но подеднакво вкусна пица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…