Најкритичен е пожарот кај Јасен, на Осоговските планини гори многу квалитетна дабова шума!

t

Најкритично е и се уште гори кај Јасен, на територија на општина Македонски Брод, огнот оди накај селата Брезово и Тажево, иако се добро изолирани, се уште постои опасност да бидат загрозени, дознава Инфомакс од терен.
Во општина Пробиштип на Осоговските планини пожарот е голем, нема опасност по населени места, ама гори многу квалитетна дабова шума.

На Плакенска планина – Демир Хисар исто така е сериозно, утре според планот треба да делуваат хеликоптери и авиони и со повеќе концентрација од копно за локализирање и гаснење на пожарот.
Охридско кај селото Косел денеска пожарот повторно излегол од контрола и утре со помош на повеќе сили од копно и воздух ќе се обиде да се изгаси, велат луѓето присутни на терен.

Има уште некои помали пожари, но веќе се под контрола .

Имаку, денес немало дожд на местата каде има пожари.

Претходно и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека шест пожари се активни и дека дождот не помогнал многу при гаснењето на пожарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкритичен е пожарот кај Јасен, на Осоговските…

Најкритично е и се уште гори кај…

(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони…

Денеска (25.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…

Пожар опасно се приближува до „Јасен“!

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ…

Забрана за движење во шума: Казната е…

На барање на ЈП „Национални шуми“, Министерството…

ХОРОР ВО ГРЦИЈА: Во шума пронајдени 18…

Во шума во селото Дадија во Еврос,…