(Видео) Најстрашни се пожарите во Пехчево и кај „Јасен“: Во моментов има 10 активни пожари!
Во август во просек има околу 40 пожари дневно, апелирам граѓаните да бидат исклучително внимателни да не предизвикаат пожар, вели во денешната изјава директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
– До овој момент има 16 пожари на отворено, 10 од нив се активни, 4 се ставени под контрола, а два се изгаснати. Најтешкиот пожар е навлезен во едниот крак во ловиштето Јасен, додека вториот крак се движи во насока на селото и рибникот Белица, соопшти Ангелов. Таму се делувало и од воздух.
Тежок е и пожарот во Пехчево, вели Ангелов кој се сомнева дека истиот е подметнат. Пожарот многу брзо се развива во квалитетна борова шума, рано утрово започнаа со дејство два полициски хеликоптери, вели Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
