Најкритичен е пожарот кај Јасен, на Осоговските планини гори многу квалитетна дабова шума!

t

Најкритично е и се уште гори кај Јасен, на територија на општина Македонски Брод, огнот оди накај селата Брезово и Тажево, иако се добро изолирани, се уште постои опасност да бидат загрозени, дознава Инфомакс од терен.
Во општина Пробиштип на Осоговските планини пожарот е голем, нема опасност по населени места, ама гори многу квалитетна дабова шума.

На Плакенска планина – Демир Хисар исто така е сериозно, утре според планот треба да делуваат хеликоптери и авиони и со повеќе концентрација од копно за локализирање и гаснење на пожарот.
Охридско кај селото Косел денеска пожарот повторно излегол од контрола и утре со помош на повеќе сили од копно и воздух ќе се обиде да се изгаси, велат луѓето присутни на терен.

Има уште некои помали пожари, но веќе се под контрола .

Имаку, денес немало дожд на местата каде има пожари.

Претходно и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека шест пожари се активни и дека дождот не помогнал многу при гаснењето на пожарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казни од 1.500 до 2.000 евра –…

Од 1 јули до 31 август се…

Голем шумски пожар во Шпанија: изгореа 330…

Големиот шумски пожар кој избувна во петокот…

Два пожари се под контрола: Гори на…

На ден 31.08/01.09.2025 година, до 07:00 часот,…

Пуштен за сообраќај патот Нова Брезница –…

Од изутринава во 05:00 часот пуштен е…

Вупно 27 пожари во изминатото деноноќие: Еден…

Во текот на изминатото деноноќие, на ден…