Најлошиот партнер за секој хороскопски знак
ОВЕН
Најлош партнер: Овен
Тие имаат незаборавен секс, но постојано се расправаат и не се флексибилни. Подобри се како пријатели.
БИК
Најлош партнер: Стрелец
Биковите ги привлекува пркосот на стрелците и нивната слобода и енергија, но со текот на времето ги оддалечува тоа што овој знак не се интересира за градење цврсти основи и за зајакнување на односите.
БЛИЗНАЦИ
Најлош партнер: Скорпија
Љубопитните близнаци лесно „паѓаат“ на спиритуалната, сензуална и еротична скорпија, но близнаците сакаат да флертуваат и да водат поопуштен живот, додека скорпиите сакаат да ги држат работите под контрола и да имаат надзор над партнерот.
РАК
Најлош партнер: Водолија
Луѓето родени во знакот водолија напредуваат кога се независни, додека раковите постојано тежнеат кон тоа да се спојат со некого и да продолжат понатаму како „една душа во две тела“. Исто така, водолиите сакаат да ги рационализираат своите емоции, додека раковите им дозволуваат на емоциите да управуваат со нив.
ЛАВ
Најлош партнер: Девица
На лавовите им треба восхит за да останат задоволни и самоуверени, а критиката тешко им паѓа. Девиците, пак, не можат да ја исконтролираат потребата да се доближат што повеќе до перфекцијата, па знаат да бидат премногу критични кон својата околина.
ДЕВИЦА
Најлош партнер: Терезија
Додека за девиците карактеристично е тоа што се ефикасни, прецизни и темелни, на терезиите поважно им е како нешто изгледа однадвор. Девиците се подготвени да страдаат за да биде сè совршено, но на терезиите не им паѓа на памет да се мачат.
ТЕРЕЗИЈА
Најлош партнер: Овен
Терезиите честопати се опседнуваат со тоа дали им се допаѓаат на другите, со естетика и прилично површни работи, додека овенот е комплетна спротивност од нив.
СКОРПИЈА
Најлош партнер: Близнаци
Зборовите на близнаците можеби ќе заведат скорпија, но можат да ја натераат и да побегне од нив. Исто така, на близнаците не им годи посесивната природна на скорпиите, кои во љубовта знаат да ги покажат своите најмрачни импулси и сите свои несигурности.
СТРЕЛЕЦ
Најлош партнер: Рак
Ракот е фокусиран на заштитата на домот, а стрелецот е роден за да си заминува одново и одново, да биде слободен и да минува низ трансформации.
ЈАРЕЦ
Најлош партнер: Лав
Јарецот, со кого владее рестриктивниот Сатурн, е вистински татко меѓу хороскопските знаци, додека опуштениот лав може да се спореди со средно дете.
ВОДОЛИЈА
Најлош партнер: Бик
Овие два знака цврсто се држат до своите уверувања и граници и подготвени се да ги бранат бескомпромисно.
РИБИ
Најлош партнер: Јарец
Рибите, со кои владее Нептун, се родени сонувачи, додека јарците, со кои управува Сатурн, се фокусирани на она што е опипливо, а таа комбинација на вода и земја најчесто функционира само кога и двата партнера се ситуирани и стабилни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
