Најмалку 10 лица загинаа и 3 исчезнати во поплави во Кина
Најмалку 10 лица загинаа, а 3 се водат како исчезнати во поплавите во централната кинеска провинција Хунан, јавија државните медиуми.
Невремето ја зафати оваа провинција од почетокот на месецот, додека некои мониторинг станици известуваат за историското ниво на врнежи, соопшти Ксинхуа доцна синоќа.
Околу 1,8 милиона лица се погодени од поплавите во претежно руралната и планинска провинција, од кои 286.000 веќе се евакуирани на побезбедни места, додека 2.700 куќи се оштетени или целосно урнати, соопшти Ксинхуа.
Во Кина редовно има поплави во текот на летните месеци, најчесто во централните и јужните делови на земјата, каде што врне најмногу дожд.
Најлоши поплави во земјата беа регистрирани во 1998 година, кога загинаа повеќе од 2.000 лица, а речиси три милиони домови беа уништени, главно покрај реката Јангце, најмоќната река во Кина.
Владата направи големи инвестиции во проекти за контрола на поплавите и хидроенергијата, како што е браната Три клисури на реката Јангце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Кина роботи ги пошумуваат пустините
Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе…
Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…
„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…
Во разговор зад затворени врати со висок…
Над еден милион луѓе евакуирани во Кина…
Кинескиот источен брег во последните неколку дена…
(Видео) Кина успешно ја лансираше ракетата „паметен…
Кина во средата успешно лансираше носечка ракета…