Најмалку 11 загинати во лавина на планина во Русија

t

Најмалку 11 лица загинаа, а шест се повредени откако лавина затрупа група алпинисти во севернокавкаскиот регион на руска Кабардино-Балкарија, соопштија утрово локалните служби за итни случаи .

Лавината започна вчера околу 17 часот по локално време на падините на Мижирги, еден од највисоките врвови во рускиот Северен Кавказ. Во тој момент, на планината се наоѓала група од 33 алпинисти.

Потрагата по преживеани

Според податоците на службите за итни случаи објавени утрово, десет алпинисти успеале сами да се спуштат на безбедно место. Судбината на шест члена на групата сè уште е непозната. Во операцијата за пребарување и спасување се вклучени повеќе од 50 спасувачи, но нивната работа е значително отежната од непристапниот терен и високиот ризик од предизвикување нови лавини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати во лавина на планина…

Најмалку 11 лица загинаа, а шест се…

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за…

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе се…

Путин повлекува нова црвена линија: Москва ги…

Русија, според извори блиски до Кремљ, кои…

Голем договор меѓу Русија и Кина: Потпишани…

Русија и Кина ќе продолжат да ја…

Водата за пиење во Скопје е безбедна…

Водата за пиење во Скопје е безбедна…