Најмалку 16 момчиња од Македонија биле „регрутирани“ за криминал во Србија — им биле ветувани лесни пари и луксузен живот
Најмалку 16 момчиња од Македонија досега биле идентификувани како луѓе кои заминале во Србија и биле вовлечени во активности на организирани криминални групи, објави емисијата „КОД“.
Повеќето биле на возраст од 18 до 25 години, а според истражувањето, младите најчесто потекнувале од скопските населби Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош и Драчево.
Дел од нив претходно имале проблеми со законот или биле поврзани со продажба на дрога, а други доаѓале од нефункционални семејства. Според „КОД“, младите биле регрутирани преку луѓе од Македонија поврзани со криминалното милје, кои им нуделе работа во Србија и им ветувале голема заработка.
По заминувањето во Србија, дел од младите добивале посебни уреди за комуникација и пристап до затворени канали преку кои добивале задачи. Им биле ветувани големи суми пари, скап ноќен живот и можност за напредување во криминалната хиерархија.
Истражувањето наведува дека бројот на досега идентификувани млади Македонци поврзани со вакви криминални структури се движи меѓу 16 и 20, а регрутирањето особено се засилило во 2024 година.
„КОД“ укажува и на друга страна од регрутирањето, односно дека младите не биле само вклучувани во извршување криминални активности, туку во одредени случаи станувале и жртви на групите во кои биле регрутирани.
Според објавените информации, на дел од нив им биле одземани документите, а напуштањето на групите било исклучително тешко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 16 момчиња од Македонија биле „регрутирани“…
Најмалку 16 момчиња од Македонија досега биле…
Гардијан: Русија регрутира Срби да се борат…
Во долга статија на престижниот британски „Гардијан“…