Објавено на:

Најмалку 30 цивили загинаа при гранатирање на конвој во Харков!

t

Десетици бегалци загинаа во областа Харков за време на гранатирање на конвој од украински војници, изјави за РИА Новости, Родион Мирошник, шеф на претставништвото на Народната република Луганск во Москва.

„Според прелиминарните податоци, околу 30 лица, меѓу кои и деца, загинаа при гранатирање на конвојот“, рече тој.


Мирошник истакна дека службите за итни случаи сè уште не се во можност да ги извадат телата поради тековните напади на Вооружените сили на Украина.

„Сега, откако започнаа активните непријателства на територијата на регионот Харков, бројот на луѓе кои или заминуваат кон регионот Белгород во Русија, или патуваат низ нашата територија, се зголеми“, рече во етерот шефот на претставништвото на ЛНР на ТВ каналот „Русија 24“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите повторно ќе удрат на Харков во…

Руската армија наскоро ќе ги уништи последните…

Трогнат од судбината на Украинците 75-годишен Јапонец…

Трогнат од судбината на жителите на Украина,…

Украина нареди делумна евакуација на жителите на…

Украина вчера им нареди евакуација на ранливите…

Германската МНР ненајавено го посети Харков: Градот…

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска престојуваше во…

Се кршеле прсти на цивили: Украинците тврдат…

Локалните власти вчера соопштија дека откриле 25…