Објавено на:

Најмалку 47 смртни случаи поради снежни бури и студ во САД

t

Во САД досега починале најмалку 47 лица под влијание на арктичките температури, обилните снежни врнежи и мразот во некои делови од земјата.

Повеќе смртни случаи се регистрирани во Тенеси, сојузна држава погодена од снежна бура и покривка од мраз, дел од циклонот кој стигна од северот од страната на Орегон. Во Тенеси досега починале најмалку 14 лица вклучувајќи камионџија кој излетал од патот, лице кое пропаднало од стаклен покрив додека чистело снег, и жена која премрзнала откако била најдена во својот дом.

Во Сиетл, Вашингтон, во текот на пет денови од премрзнетост починале пет лица кога неделава температурите се спуштија под нулата. Се дознава дека тројца од нив биле бездомници. Во Канзас пак во ендек порај патот било пронајдено телото на 18 годишник, недалеку од местото каде неговото возило заглавило во снегот.

На други места како Мисисипи или Портланд, Орегон, било запрено снабдувањето со вода и електрична енергија поради паднати бандери и замрзнати водоводи.

Во Вашингтон, округ Колумбија, снег паѓа и денеска. Градоначалничката Мјуриел Боусер ја продолжи вонредната состојба поради временска непогода до недела, и отвори жешка линија на која луѓето изложени на студот како бездомници или оние кои немаат греење дома се информираат за места отворени за прием како библиотеки и спортски центри каде можат да се засолнат од студот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…