Објавено на:

Најмногу врнежи во Штип

t

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнале во Штип, 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Тополчани, Ѓуриште, Демир Капија и Дојран, еден литар.

Според УХМР, 12 литри се измерени на Попова Шапка, 9 во Крушево, 7 во Охрид, 6 во Скопје – Зајчев Рид, 5 во Битола, 4 во Берово и Маврово, 3 во Тетово, Прилеп, Крива Паланка и Пожаране, како и два литра во Виница и Дебар.

Денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. УВ=5. Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 29 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…