НАЈНОВА ВЕСТ: Ламбе Алабаковски префрлен во домашен притвор

t

По жалбата од адвокатот на Ламбе Алабаковски, пејачот од денеска попладнето е во домашен притвор.

Некаде пред 18 часот Алабаковски е пуштен од притворското одделение од затворот „Црн Мост“ во Битола и сега е меѓу своите. Судот ја уважи жалбата на адвокатите на Алабаковски и ја преиначи пресудата од осумдневен ефективен притвор во домашен притвор. Од полициски извори дознаваме дека неговиот дом веќе е под полициско обезбедување и него ќе го контролира СВР Битола. 

Алабаковски од вторникот вечерта беше во затворот „Црн Мост“ отккао претходно призна дека ја потпалил вратат на бугарскиот клуб во Битола.  (А.Б.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не може против народот: Ламбе е…

Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе…