Најнови детали од истрагата: „Дискотеката Пулс“ првата дозвола за угостителска дејнсост ја добилa пред 15 години
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ги објави првичните резултати од истрагата, откривајќи сериозни пропусти во безбедноста на дискотеката „Пулс“.
„Објектот немал хидрант, немал ПП апарати, резервен излез за евакуација – или поточно, имал, но вратата била заклучена со катанец и без брава. Незаконски се користела пиротехника, а објектот имал дозвола за лесна индустрија, не за угостителска дејност“, изјави Коцевски, наведувајќи и други прекршувања на законот.
Истрагата продолжува, а надлежните најавуваат кривични постапки против сите одговорни, a Коцевски рече дека засега се бара краткотраен притвор за 10 лица.
-Немало можност за пристап на ППЕ возила. Внатрешноста на објектот бил со гипс картон, но без огноотпорни својства. Немало спуштен таван со противпожарна отпорност на најмалку 30 минути. Немало систем за кочење на вратите, ниту систем за известување за пожар.
-Исто така непрописно била обложена со материјали за звучна изолација, со лесно согорливи материјали.
-Противзаконски биле користени пиротехнички материјали без соодветна дозвола, и без друштво за палење на пиротехниката.
-Бил присутен и државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустција од 419 метри квадратни. Не е извршена пренамена во угостителски објект. И покрај тоа што за објектот нема пренамена, истиот има дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години“, рече Коцевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…