Најнови информации за пукањето во Арачиново: Возачот на градоначалникот во моментов се оперира, куршумите му го пробиле градниот кош!
Со огнено оружје денеска е пукано кон автомобилот на градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, при што во возилото се наоѓале неговиот возач и вработен во општината.
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за МИА потврди дека во престрелката е погоден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон уште едно лице вработено во општината. Припадници на полицијата се на терен и вршат увид.
Повредениот е донесен во Ургентниот центар во Скопје.
Директорот на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар, Неџати Јакупи за телевизија Телма изјави дека во Клиниката е донесено момче на околу 30-годишна возраст со прострелни рани на градниот кош.
-Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, изјави Јакупи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…