Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

t

Најстудено утрово е во Берово со -11 степени, во Маврови Анови се измерени -10, во Крива Паланка – 8, во Битола, Штип и Попова Шапка -7, во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево – 6, во Охрид – 5, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Претор – 4 и -3 во Куманово. Нула степени се измерени во Гевгелија, а максимални два степена се регистрирани во Дојран.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на Попова Шапка има најмногу снег, 37 сантиметри, во Маврови Анови снежната покрива е 14, во Крушево 9, во Ѓуриште шест, во Пожаране пет и во Битола два сантиметри.

Времето во текот на ноќта и изутринава беше ведро и студено, а на повисоките места дуваше слаб до умерен северен ветер.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени. мд/
Скопје, 16 јануари 2022

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…

Трупа снег на Копаоник

На Копаоник се измерени три сантиметри снег,…

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…

Ништо од пролетта: Очекувајте снег на повисоките…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…