Објавено на:

Најстудено утринава во Берово: Еве каде имаше минусни температури

t

Најстудено изутрина е во Берово каде се измерени -5 степени, по што следат со -4 Прилеп, -3 Струмица и  Виница, -2 Битола и  -1 Тетово, Штип, Дебар и Лазарополе. Нула степени изутрина во седум часот се регистрирани во Куманово и во  Маврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, Крива Паланка и Претор, два во Охрид, Демир Капија и Попова Шапка, три во Крушево.

Како и во текот на ноќта и утрово во голем дел од земјава преовладува ведро време. По котлините (особено Полог, Пелагонија, Скопје, Куманово, централниот дел на Повардарието) има појава на магла со намалена видливост под 200 метри. Во Охридското подрачје има зголемена ниска облачност.

Во најголем дел од земјава времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе се задржи појавата на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалуваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени.

Во Скопје со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Максималната температура ќе достигне 6 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преку СМС пораки му се заканувал на…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…

Три пожари се активни, сѐ уште гори…

На ден 07/08.09.2025 година, до 07:00 часот,…

Еден пожар е активен: Гори над туристичка…

На ден 05.09.2025 година, до 21:00 часот,…

Возрасен беровец нападнал полицајци

67-годишен беровец е уапсен затоа што се…

Лишени од слобода двајца возачи од Кочани…

Лишени од слобода двајца возачи на подрачје…