Најубавите подароци немаат цена, ниту рок на траење

t

Подарокот е знак на внимание, благодарност или израз на љубов кон друга личност. Но, подарокот може да биде и мито, купување внимание, купување услуга, споредување или натпревар кој купил или кој добил поскап подарок… сѐ на сѐ ираз на погрешни вредности.

Во декември, месецот на дарувања и купување подароци, да се потсетиме на вистинската смисла на дарувањето.

Освен подароците, најдрагоцените дарови што можеме да го подариме секогаш и секому, секој ден и секој месец од годината се љубов, разбирање, прифаќање, време, труд, внимание, блискост, добра воља… сѐ што не може да се купи со пари. Во тешките ситуации, едни на други можеме да си донесеме радост, светлина, надеж и вистинско, топло празнично расположение.

Некои од работите што можеме да ги направиме за да измамиме насмевка на нечие лице и да стоплиме нечие срце се:

Да го подариме своето време – одвојте време за луѓето кои ви се драги, без брзање, без гледање на часовникот или во телефонот,
Негувајте ги блиските односи – одете на кафе, прошетајте, побарајте ги на телефон, пратете им честитка или некоја ситница, пратете им убава порака…
Бидете љубезни, трпеливи и излегувајте им во пресрет на другите,
Бидете колегијални на работното место,
Волонтирајте – вклучете се во некоја волонтерска активност,
Дарувајте крв – не е штетно по вашето здравје, а може да спаси нечиј живот,
Слушајте ги другите внимателно, без критики, без прекинување и без брзање,
Почесто гушкајте ги своите блиски. Близината го јакне имунитетот и не прави позадоволни,
Дружете се со фамилијата, со децата и со постарите – гответе заедно, играјте друштвени игри, гледајте филмови, читајте, прошетајте…
„Растеретете“ некој од обврските што ги има, ослободете го, направете нешто за него со што ќе му ги олесните и разубавите празничните денови,
Почесто заблагодарувајте се или пофалете некој од вашето опкружување,
Не заборавајте да се грижите за себе и дозволете си одмор и уживање на начин на кој вас ви одговара и ве прави среќни а не онака како ви се наметнува дека би требало,
Настојувајте да правите што помалку ѓубре и отпад за време на празниците, рециклирајте и заблагодарете ѝ се на природата што секојденвно и несебично ни пружа толкави дарови.
Кога примаме, ги полниме своите раце, а кога даруваме, го полниме своето срце. Нека што повеќе срца исполниме со вистински дарови кои немаат цена и рок на траење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…

Нова пратка со зеленчук од Македонија е…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила

Жена од струшкото село Октиси е пријавена…

Цената на нафтата падна по најавата на…

Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…

Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Голем римски војсководец од времето на царевите…