Најчевска за фудбалот на министрите на ДУИ: Не молчевме пред Груевски, зошто молчиме пред Ахмети?!

t

Професорката Мирјана Најчевска ги критикува министрите од ДУИ, откако вицепремиерот Артан Груби објави фотографии од нивната денешна дружба, на кои се гледа како министрите се разонодуваат играјќи фудбал и кошарка во канцелариите на Министерството за политички систем.

„Знаете дека ве прават будали во очи? Нели? Мислам не е можно да не гледате. По 11 години во власт со ВМРО-ДПМНЕ која ја прогласивме за партија која практикуваше авторитаризам до ниво на фашизам, тие излегоа чисти како солза. Го освоија правосудството кое е прогласено за најкорумпирано во регионот и пошироко, ни ја диктираат надворешната политика која ја претвори државата во земја за спрдачина, го прекршуваат секој закон, измислуваат закони за да го направат нелегалното легално, криминалот го претворија во стопанска гранка, непотизмот го прогласија за легитимен во кариерното напредување, поткупот и рекетот ги промовираа во највисоки вредности, успеваат да претворат во кал сѐ што ќе допрат, а се промовираат како европски ориентирана зелена партија која е столб на напредокот на Македонија“, пишува Најчевска.

„Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш? Па не молчевме пред Груевски. Зошто молчиме пред Али Ахмети? Затоа што ако го спомнеме, некој како мојот поранешен пријател Џабир Дерала ќе не нарече националисти? Или…?“, пишува професорката на Фејсбук.

ЛИНК од објавата на Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца поранешни министри од владата на Орбан…

Унгарските власти приведоа двајца поранешни министри од…

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…