На бензинска пумпа пред Куманово уапсен скопјанец, полицијата му пронајде пиштол
Вчера околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода 28-годишниот А.Б. од Скопје.
При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“.
Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп се пошегува дека би станал премиер…
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за…
Aпелација го ослободи Боки 13 за предметот…
Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда…
Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде…
Primary Menu А1он 03/11/2026 - 15:3656 Од:…
Петровски со реакција до Ахмети по Брвеница:…
Филип Петровски реагираше на настапот на лидерот…
МВР дел од меѓународна операција за разбивање…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…