Објавено на:

На Бербок не и се допаѓа кинеската политика: Кина води „агресивна“ надворешна политика и презема „репресивни“ акции

t

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, остро ја критикуваше Кина, тврдејќи дека Пекинг води „агресивна“ надворешна политика и презема „репресивни“ акции.

Обраќајќи им се на претставниците во Парламентот, три дена по нејзината посета на Пекинг, Бербок изјави дека, иако Кина сè уште е најголем трговски партнер на Германија, таа е исто така конкурент и системски ривал на западните држави.

За жал, мојот впечаток беше дека се повеќе се зголемува аспектот на системско ривалство. Не само затоа што Кина се однесува поофанзивно и поагресивно во странство, туку станува порепресивна и дома“, изјави германската министерка.

Таа откри дека за време на нејзината дводневна посета на Кина, не ги користела своите мобилни телефони и морала да ги држи заклучени во мал куфер од безбедносни причини.

Бербок истакна дека Германија ќе ги ребалансира односите со Кина, согласно новата стратегија на Европската Унија кон оваа земја.

Би сакале да соработуваме со Кина, секаде каде што е можно. Но, не сакаме да ги повторуваме грешките од минатото. Не сакаме да бидеме наивни и да веруваме дека промената ќе дојде преку трговијата“, изјави Бербок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…