На Богородица запленет златен и сребрeн накит со проценета вкупна вредност од над половина милион денари
Запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар. Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, извести Царинската управа.
Случајот е откриен на граничен премин Богородица кога царинските службеници поради сомнение, извршиле контрола на автобус и на патниците кои патувале со него.
По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во патната торба беше пронајден златниот и сребрениот накит. Предметот е предаден на Секторот за контрола и истраги, при што преземени се понатамошни дејствија, соопшти Царинската управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
500.000 ЕВРА ПРОНАЈДЕНИ ВО СПЕЦИЈАЛНО КОНСТРУИРАН БУНКЕР…
На граничниот премин Табановце е спречен обид…
Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…
Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…
Странец сакал да прошверцува 150.000 фунти на…
Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле…
Мобилните царински тимови во 2025 со 271…
Мобилните царински тимови во текот на 2025…
ОЈО ГОКК: Сѐ уште трае акцијата за…
Во рамките на опсежната акција што се…