На „Богородица“ и на „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути

t

а граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира и вообичаено е подолго.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На државните патишта во сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

Савески до пратениците: Во овој момент не…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…