Објавено на:

На „Богородица“ лани во еден ден запленети девизи и злато во вредност од милион евра

t

Царинската управа лани во еден ден запленила злато и девизи во вредност на еден милион евра, стои во Годишниот извештај на Царинската управа. Според извештајот на Царина, во средината на декември, при контрола на автобус запленети се скоро 263.000 долари, 155.760 евра и злато и златен накит од 12 килограми. Според истиот документ во 2022 Царината забележала двојно зголемување во бројот на случаи на спречување на недозволена трговија во сите категории: 114 случаи во 2022, во споредба со 58 случаи во 2021 и 2020.

-Во 8 случаи се запленети над 8 тони дроги и психотропни супстанци. Во 5 случаи е запленето вкупно 33,8 кгм злато со вредност од околу 1.5 милиони евра, а има и 13 случаи на заплена на девизи во противредност од околу 600.000 евра. Исто така, запленети се цигари, тутун и тутунски производи за кои се избегнати давачки вклучувајќи и акциза од 87.571 евра- стои во извештајот.

Освен девизи и накит, се шверцувале и кафе, аквариумски желчиња, папагали, ИПР производи – со заштитено право на интелектуална сопственост, и друго. Извори од Царинската управа велат дека најголема заслуга за откривањето на овие стоки имаат царинските кучиња кои се дресираани за нивно откривање, пред се дроги и психотропни супстанции, а се користат и мобилни скенери.

– Одделението за контрола на трговски друштва во 2022 година изврши 233 контроли по царинење на економски оператори. По извршените контроли, констатирани се 92 неправилности, при што се утврдени избегнати и неплатени давачки при увоз во вкупен износ од 101,05 милиони денари- стои во Извештајот.

Од страна на Царинската управа лани се започнати 14 финансиски истраги против 22 физички лица и девет правни. Поднесени биле иницијативи до Јавните обвинителства се однесуваат за обезбедување на опрема, стамбени објекти и возила во вредност од 20,67 милиони денари.

Македонците шверцувале и фалсификувана роба од познати марки. Така лани поведени се 33 акции поради сомневање за повредување на интелектуална сопственост. Задржани се вкупно 193.027 парчиња стока. За 114.145 парчиња Царината утврдила дека има повреда на интелектуалната сопственост и дека се работи за фалсификувана стока. Засегнати биле дури 26 марки.

По записници за сторени царински прекршоци изготвени од страна на цариниците во граничните испостави во 2022 година изречени се парични казни во износ од скоро 695.000 евра. Од страна на Одделението за истраги лани поднесени се 32 кривични пријави за неправилности при изврчени контроли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дводневен штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај…

Почнувајќи од вечерва на полноќ (02.04.2024) до…

Жена се обидела да прошверцува 1.700 кутии…

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700…

Богоев: Дигитализација за намалување на корупцијата во…

Директорот на царина, Стефан Богоев во неделното…

Не се обидувајте да поминете во овој…

Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел…

Грчката полиција не им дозволи на земјоделците…

Грчката полиција не им дозволи на земјоделците…