Објавено на:

На вработени во Општина Тетово незаконски им се исплатени околу 35.000 евра!

t

Од Буџетот на општина Тетово за исплата на разни комисии формирани од страна на Градоначалникот незаконски се исплатени средства во износ од 2.170 000 илјади денари или околу 35.000 евра, а членови на комисиите биле вработени лица од администрацијата кои добивале високи надоместоци спротивно на законот, утврдија ревизорите.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Тетово, на сметката на основен буџет (630), за 2021 година и изрази неповолно мислење за нив. Градоначалник до ноември 2021 година е Теута Арифи од ДУИ, а потоа функцијата ја презема Билал Касами од Движењето БЕСА.

Членови на комисиите се лица вработени во администрацијата на Општина Тетово, кои покрај работните задачи кои произлегуваат од работните места на кои се распоредени, се задолжени да вршат и дополнителни работи и работни задачи.

За дополнителната работа на членовите на комисијата им е утврден надоместок во износ од 5 илјади – 20 илјади денари месечно што не е во согласност со одредбите од Законот за административни службеници со кои се регулирани надоместоците и висината на истите.

„Согласно член 95 од Законот за административни службеници административниот службеник има право на додаток на плата подолго од полното работно време и тоа во висина од 35% по час од износот на основната плата и додатокот на плата за звање, доколку работел по налог на непосредно претпоставениот службеник. Ваквата состојба има влијание на зголемување на трошоците на општината како и на навременото извршување на работните задачи на административните службеници за кои се распоредени, како и на работните задачи кои им се доделени со решение и начинот на користење на средствата“, утврдија ревизорите.

Во текот на 2021 година ангажирани се од 227 до 406 лица по договор на дело. Вкупниот број на вработени лица и бројот на ангажирани лица по договор за дело го надминува бројот на систематизирани работни места.

„Утврдената потреба од човечки ресурси општината ја реализира преку ангажирање на лица по договори за извршување на повремени и привремени работи без докази за исполнетост на условите и квалификациите предвидени за редовно вработените, што може да влијае на нивото на квалитет и одговорност за извршените работни задачи. По овој основ во текот на 2021 година исплатени се 37.942 илјади денари за надоместок и данок на личен доход или 617.000 евра“, стои во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Тетовец му се заканувал на полицаец преку…

Жител на Тетово му се заканувал на…

(Видео) Сајкоски потврди: Коалицијата со Касами функционира…

Коалицијата со Биљал Касами и Арбен Таравари…

Сотировски поднесе претставка за дискриминација против Општина…

Даријан Сотировски, актуелен директор на Комисијата за…