На Германија ѝ се заканува недостиг од готовина во банкоматите?
На Германија ѝ се заканува недостиг од готовина во банкоматите? Всушност, станува збор за проблемите со работниците за транспорт на пари до финансиските институции низ државата. Работниците сè уште не нашле заеднички јазик со работодавците, поради што се закануваат со штрајк, пренесува Мина. Надлежните признаваат дека е можно поради штрајкот да снема готовина во некои делови од земјата, што може да биде проблем за некои луѓе, пред сè за постарите лица.
Потенцијалниот недостиг би можел првенствено да се појави на банкоматите, додека штедилниците и банките уверуваат дека се подготвени за такви ситуации. Германското трговско здружение објави дека претходните штрајкови не предизвикале големи проблеми во продажбата на мало. Употребата на готовина во Германија во последниве години континуирано се намалува, пишува Каматица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…