На ГП „Блаце“ спречен шверц на 78 килограми тутун за наргиле
Од Царинската управа информираат дека на граничниот премин Блаце за влез во земјата, цариниците по мала бркотница запреле возило управувано од македонски државјанин кој се обидел да ја избегне царинската проверка, при што во неговото возило пронашле конфискувале 78 килограми тутун за наргиле, со проценета вредност на пазарот од нешто над 13 илјади евра.
Осомничениот, со цел илегално да ја избегне царинската проверка, одбил да го сопре возилото пред царинскиот службеник и со поголема брзина се упатил кон рампата, со што го оневозможил службеното лице во вршењето на должноста.
При сопирањето, возилото било одбрано за темелна контрола, при што се пронајдени 13 кутии со 312 конзерви, со вкупно 78 килограми тутун за шиша.
„Со ова бил спречен обид за дистрибуција на акцизна стока за која не биле платени давачки во износ од 508,048 денари. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое по преземените предистражни дејствија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство,” соопштија од Царинската управа.
Оттаму додадоа дека е поднесена кривична пријава против едно лице до Основно јавно обвинителство заради постоење на сомнеж за извршено кривично дело шверц и попречување на службено лице во извршување на работна задача.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Црна Гора откриен нелегален магацин со…
Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони…
Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека…
Растот на македонската економија од 4,3% во…
Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…
Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…
СВР Тетово: Пронајдена и одземена марихуана –…
На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до…
СДСМ: Македонија е на прво место во…
Од опозицискиот СДСМ велат дека Македонија е…