На ГП Ќафасан октриени 21 килограм пастрмка скриена во резервна гума

t

На влез во државата на граничен премин Ќафасан цариниците открија 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума на автомобил со кој патувал државјанин на Албанија

Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи.

Од почетокот на годинава, Царинската управа спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.

Царинската управа ќе продолжи да делува во насока на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, при што укажува дека секој обид за прекршување на законот ќе биде најстрого санкциониран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…