На граница уапсен 74-годишник од Германија, полицијата му нашла марихуана во автомобилот
Полицијата на граница уапсила 74 годишник од Германија во чиј автомобил била најдена и одземена марихуана.
„На 13.04.2026 во 10:50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Г.(74) од Германија. При извршена гранична контрола и проверка на патничко возило „рено“ со германски национални ознаки, во кое како сопатник бил Р.Г., во задниот дел од возилото, била пронајдена и одземена марихуана“, велат од МВР.
Во извршен службен разговор, Р.Г. се изјаснил дека марихуаната е негова. По наредба на јавен обвинител, тој е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…
Недостиг од речиси осум тони сув цвет…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…