На граничните премини се чека околу половина час

t

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Табановце“, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат попладнево од АМСМ.

Оттаму со препорака до учесниците во сообраќајот за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…

По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…

600 куршуми пронајдени во автобус запрен на…

Во автобус кој е запрен на граничниот…

Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра…

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот…

Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце,…

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…