На Деве Баир спречен обид за шверц на 2.000 парчиња медицински препарати

t

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возилото.

Со оваа акција Царинската управа јасно ги покажува своите напори кон заштита на здравјето на граѓаните, спречувајќи небезбедни медицински препарати да стигнат до нив.

Вијалите се запленети, а против сторителот од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик.

Сторителот, косовски државјанин, вработен како возач во косовска транспортна компанија вршел транспорт на алуминиумски профили на релација Турција – Косово и истиот е застанат за контрола од страна мобилниот тим на граничен премин Деве Баир. На прашањето дали има нешто за пријавување освен стоката што е декларирана, возачот изјавил дека нема ништо за пријавување, по што, поради сомневање е спроведена детална контрола.

Вијалите, вкупно две илјади парчиња, спакувани во папки и кеси, во рефусна состојба и без оригиналното пакување, се пронајдени на различни места во кабината на возилото – во горниот кревет, во фабричката шуплина, во просторот над возачкото седиште, како и во личниот багаж пронајден во долниот кревет.


Апелираме дека секој обид за загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде најстрого санкциониран. Медицинските препарати, во случајот вијали со раствор „Гадонанс 7.5 мл“ кој се инјектира венски при магнетна резонанца, подлежат на задолжителни дозволи за увоз, како и на строго пропишани температурни и безбедносни услови за чување и транспорт.

Годинава Царинска управа спречи 13 обиди за криумчарење и заплени вкупно 29 илјади парчиња лекови и медицински препарати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со епицентар меѓу Македонски Брод и…

Земјотрес со јачина од 2,5 степени е…

(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето…

Француската полиција денеска до 11 часот уапсила…

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко…

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана…

Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром

Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…

Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…