На денешен ден во 1992 година Македонија ги усвои знамето и химната како државни симболи
Периодот по осамостојувањето на Македонија беше обележан и со создавање на институциите и симболите на новата независна држава.
Еден од важните чекори беше направен на 11 август 1992 година, кога Собранието го утврди државното знаме, а химната „Денес над Македонија“ беше официјално потврдена како државна химна.
Според тогашниот Закон за знамето, државниот симбол имаше црвена основа и златно-жолто сонце со вкупно 16 зраци – осум основни и осум споредни. Законот беше изгласан на 11 август 1992 година, а беше објавен во „Службен весник“ еден ден подоцна.
Ова знаме се користеше во првите години од независноста, но во 1995 година беше заменето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…
Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…
Цените на нафтата пораснаа за околу два…
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…