НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во 1993-та е прогласен Денот на македонската полиција во чест на 7 мај 1903-та и Смилевскиот конгрес на ТМОРО
Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 Мај е востановен како Ден на македонската полиција, наместо дотогашниот 13 мај.
Овој датум е избран за Ден на македонската полиција од Владата на тогашниот премиер Никола Кљусев, во чест денот од 1903 година кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО била извршена реорганизација на власта и безбедноста.
Смилевскиот конгрес се одржал од 2 до 7 мај 1903 година, а најголемиот број од делегатите веќе на 30 април се собрале во селото Смилево. Жителите на родното Смилево на Даме Груев ја сфатиле честа како и одговорноста од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село.

Затоа месното раководно тело, на чело претседателот Георги Чуранов, го мобилизирал целото село и на сите мажи и жени им доверил соодветни задачи.
Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото.
Одделенија од по три-четири комити биле поставени по сите соседни села на Смилево. Невидливи стражари од сите села меѓу Смилево и Битола деноноќно внимавале, формирајќи жив телеграф за предавање на било какво сомнително движење откај вилаетскиот центар.
Токму затоа е избран 7 мај како Ден на македонската полиција, во чест на настанот од 1903 година и зачетокот на организирана безбедност на населението и делегатите на Конгресот.
(Подготвил: Д. Г.)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…
Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…
Само неколку дена траеше договорот за откупната…
Сите државни ресурси ангажирани на терен за…
Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…
(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…
На социјалните мрежи се прошири видео на…
(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…
По серијата пожари, Франција се соочи со…