На денешен ден во 1994 година Македонија и Русија воспоставија дипломатски односи: Руската страна високо ги цени вековите односи меѓу народите на нашите земји
На денешен ден во 1994 година Македонија и Руската Федерација воспоставија дипломатски односи. Македонското МНР не го одбележа овој настан, но Амбасадата на Руската Федерација на Фејсбук, на руски и македонски јазик напиша дека високо ги цени традиционално пријателските односи вкоренети во вековните односи на двата народи, македонскиот и рускиот.
– На 31 јануари 1994 година, се воспоставени дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија на ниво на амбасади.
Руската страна високо ги цени традиционално пријателските, вкоренети во длабочините на вековите односи меѓу народите на нашите земји, е отворена за интеракција на апсолутно јасна и транспарентна основа – взаемно почитување и земање во предвид меѓусебните интереси, вклучително и во областа на обезбедување на безбедност. – напишаа од амбасадата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Калас: Русија планира нови саботажи и напади…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
Нови руски напади ги нарушија интернет и…
Продолжуваат целенасочените руски напади врз клучните точки…